Синдикатот на фудбалерите во Шпанија одбива намалување на платите, клубовите си тераат по свое

Синдикатот на фудбалерите во двете најсилни шпански конкуренции официјално го отфрли намалувањето на платите на играчите кое го нудат клубовите. Во официјално соопштение, синдикатот вели дека идејата на клуботите е неприфатлива.

„Многу е чудно што Лигата поддржува привремено суспендирање на договорите. Исто така е чудно што клубовите немаат фондови за да се заштитат во вакви ситуации кога треба да покријат два месеци. Првенството е суспендирано не е комплетно откажано. Нема да дозволиме да не ни бидат гарантирани работничките права“ – стои во соопштението од синдикатот.

Сепак клубовите не престануваат да прават интерни договори со играчките колективи за намалување на платите. Меѓу првите кои договорија помали плати за фудбалерите беше Барселона, а набрзо потоа договор имаше и во Атлетико Мадрид.

Во Шпанија има тројца македонски репрезентативци, Енис Барди во Леванте и Александар Трајковски во Мајорка во Ла Лига, а голот на Рајо Валјекано го брани Столе Димитриевски. Нивните клубови засега се немаат официјално изјаснето околу намалувањето на платите.

Се вчитува...