Најдобриот тенисер во светот Јаник Синер се пласираше во финалето на Вимблдон победувајќи го Новак Ѓоковиќ со максимални 3-0. Синер во финалето во недела ќе игра со Шпанецот Карлос Алкараз.
Пласманот на Италијанецот во финалето е негов најдобар резултат на Вимблдон.
„Алкараз е фаворит, овде веќе двапати по ред победуваше. Многу е тешко да го победиш на трева, но сакам предизвици. Се подобрувам како играч, бидејќи секогаш се обидувам да играм нешто поинаку. Не сакам да бидам предвидлив на теренот. Ќе биде тешко, но верувам во себе“, изјави Синер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

