Најдобриот тенисер во светот, Јаник Синер успешно ја мина првата пречка на вториот гранд-слем турнир во сезоната, Ролан Гарос.
Италијанецот во воведното коло славеше со максимални 3-0, по сетови 6-4, 6-3 и 7-5 против домашната надеж Артур Риндеркеш.
Во второто коло Синер ќе игра против уште еден домашен тенисер, легендарниот Ришар Гаске кој го игра последниот турнир во кариерата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

