Синер без проблеми до осминафинале во Индијан Велс

Еден од најдобрите тенисери на денешницата Јаник Синер без проблеми ја мина втората пречка на првиот АТП турнир од серијата 1000 кој се игра во американакиот Индијан Велс.

Италијанецот во третото коло без проблеми славеше над канадскиот тенисер Денис Шаповалов Со максимални 2-0, по сетови 6-3 и 6-2.

Пласман во осминафиналето во машкиот дел од турнирот обезбеди и четвртиот носител Александер Зверев кој беше подобар од домашниот тенисер Брендон Накашима.

Кај дамите првата тенисерка во светот Арина Сабаленка славеше со максимални 2-0 по сетови 6-4 и 6-1 против Романката, Жаклин Кристијан.

Се вчитува...