Синер без проблеми против Циципас за прва победа на завршниот турнир во Торино

Италијанскиот тенисер Јаник Синер го запиша првиот триумф на АТП финалето кое се игра во Торино откако во првиот меч од „Зелената група“ славеше над Гркот, Стефанос Циципас со максимални 2-0 по сетови 6-4 и 6-4.

И во двата сета по еден брејк беше доволен за Италијанецот да направи крупен чекор кон пласманот во полуфиналето на турнирот кој се игра во неговата земја.

Во вториот меч од овој сегмент, вечерва од 21 часот ќе се сретнат Новак Ѓоковиќ и Холгер Руне.

Се вчитува...