Италијанскиот тенисер Јаник Синер немаше премногу проблеми на почетокот од турнирот.
Тој ја заврши работата против Чехот Вит Коприва за нешто повеќе од час и половина, а резултатот јасно ја покажува неговата доминација – неговиот ривал не успеа да создаде ниту една брејк-топка во првите два сета.
Во третиот сет, Коприва за момент се закани.
Со водство на Синер од 4:2, имаше две последователни брејк топки, но Италијанецот најдобро реагираше во клучните моменти – со прецизни сервиси, ги отстрани сите дилеми и мирно го приведе натпреварот кон крај.
Претходно во второто коло се пласираше и најдобриот тенисер во моментов Карлос Алкараз. ТАму се уште и Каспер Руд, Рубљов, Мусети, Шаповалов…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

