Јаник Синер ја продолжи одбраната на трофејот на УС Опен со уште една импресивна партија, овојпат славејќи со 3-0 над Лоренцо Музети. Италијанското четвртфинале мина во апсолутна доминација на првиот носител, кој за првпат во кариерата стигна до полуфиналињата на сите четири гранслем турнири во една календарска година.
Синер делуваше импресивно против Музети, не дозволувајќи противникот во ниту еден момент да се понадева на сензација. Тој го отвори мечот со пет гејма во низа, славејќи со 6-1 во првиот сет. Музети даде најголем отпор во вториот сет во кој освои четири гејма, за Синер да го освои третиот сет со 6-2 и пласман во полуфиналето.
Таму италијанскиот тенисер ќе се сретне со Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим, кој славеше со 3-1 во пресметката со Австралиецот Де Минор.
До изненадување дојде на женскиот дел од турнирот, откако втората носителка Ига Швијонтек неочекувано загуби од Американката Анисимова со 3-6, 4-6. Анисимова во полуфиналето ќе се сретне со Наоми Осака, која триумфираше над Мучова со 6-4, 7-6.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

