Синер дојде до свое прво полуфинале на Ролан Гарос, од понеделник ќе биде и прв Италијaнец во историјата на врвот на АТП листата!

Италијанскиот тенисер Јаник Синер се пласираше во своето прво полуфинале на Ролан Гарос, откако славеше против Бугаринот Григор Димитров во четвртфиналната пресметка.

Синер славеше во три сета, со 6-2, 6-4 и 7-6 во меч кој траеше два и пол часа.

Откако, пак, Новак Ѓоковиќ поради повреда се повлече од Ролан Гарос, Јаник Синер од понеделник ќе биде светски тенисер број еден на АТП листата. Синер ќе биде првиот Италијанец во историјата кој ќе се најде на врвот на АТП листата.

Се вчитува...