„Синер доминира како некогаш Федерер и Ѓоковиќ“

Поранешниот француски тенисер Фабрис Санторо се восхитува на доминацијата на Јаник Синер. Синер го освои Австралија опен, негова трета гранд-слем титула, а неговата победничка серија веќе трае 21 меч.

Во разговор за „Л’eкип“, Санторо посочи што најмногу го импресионира кај младиот Италијанец.

„Интензитетот што оди во секој шут. Кога ќе почне да промашува, малку се оддалечува од основната линија, но раката сè уште се движи брзо. Последен пат Синер загуби меч без да освои сет во ноември 2023 година против Ѓоковиќ на завршниот мастерс. никогаш не го напуштил теренот во последните 14 месеци, без да земе сет, тоа е на ниво на големата доминација на Федерер од 2004 до 2006 година или на Ѓоковиќ во 2011 година“, рече Санторо.

Се вчитува...