Актуелниот шампион и победник на последните две изданија на Австралија Опен, Јаник Синер, имаше доминантен почеток во Мелбурн.
Во првото коло, Италијанецот го победи Уго Гастон со 6-2, 6-1, по што францускиот тенисер беше принуден да го откаже мечот поради проблеми со мускулите.
Мечот траеше 68 минути и заврши со емотивна сцена – Гастон плачеше по вториот сет, додека Синер му се приближи тешејќи го.
Актуелниот шампион и втор носител на турнирот беше пречекан со аплауз, но самиот покажа почит кон леворакиот Французин, кој сакаше да пружи атрактивен тенис, но беше спречен од повреда, најверојатно на стомачните мускули.
„Видов дека не сервира најдобро, особено во вториот сет“, рече Синер додека сè уште беше на теренот во разговор со Џим Куриер.
„Жал ми е што победив на овој начин, бидејќи тој е многу талентиран играч со одлично чувство за топчето. Знаев дека морам да бидам многу агресивен.“
Во второто коло, Синер ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Австралиецот Џејмс Дакворт, кој пристигна на турнирот преку „специјална покана“ и Хрватот Дино Пржимиќ, кој на главниот турнир влезе благодарение на повлекувањето на еден од тенисерите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

