Јаник Синер во голем стил ја заврши оваа 2026 годиа откако ја одбрани ланската титула на АТП шампионатот во Торино, во финалето совладувајќи го Карлос Алкараз со 2-0 во сетови. Италијанецот делуваше беспрекорно во текот на целиот овој домашен турнир, доминантно стигна до титулата, каде со максимални 2-0 славеше и над својот најголем ривал.
Првиот сет донесе израмнета битка во која се играше тајбрејк, а Синер беше поумешен во клучните моменти, триумфирајќи со 7-4. Вториот сет почна со брејк на Алкараз, многумина веруваа дека Шпанецот ќе успее да се врати, но Синер набрзо го возврати брејкот, а нешто подоцна направи уште еден, за конечни 7-6, 6-4 во ова финале.
Синер останува „крал на Торино“, но Алкараз има добра утеха, ако се знае дека Шпанецот со самиот пласман во полуфиналето од овој турнир се погрижи да ја заврши оваа календарска година како прворангиран на АТП-листата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

