Три титули на последните четири грандс-слем турнири со едно финале. Јаник Синер полека се претвора во тениски гигант од највисок калибар. Само Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер успеаја да направат нешто такво во последните четири децении. Тоа не им успеа ниту на Рафаел Надал ниту на Пит Сампрас.
Последниот што го направи тоа пред Србинот и Швајцарецот беше Иван Лендл во 1986-87 година, со оглед на фактот дека Австралија Опен не се играше таа година поради промена на датумите, па Чехот двапати го освои Отвореното првенство на САД, еднаш Ролан Гарос и загуби во финалето на Вимблдон.
„Јас го гледам Синер како Новак Ѓоковиќ 2.0. Јаник отиде уште подалеку во споредба што тоа на теренот го покажуваа Ѓоковиќ и Агаси“, истакнува Ренцо Фурлан, италијански тренер кој во годините пред коронавирусот беше задолжен за младинската работа во Тениската асоцијација на Србија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

