„Синер е одговорен за постапките на неговиот тим“

Долго време нема ништо ново за допинг-аферата на Јаник Синер. Одговорот на Судот за спортска арбитража (CAS) на жалбата на Светската антидопинг агенција (ВАДА) е закажан за средината на април, но сега најдобриот тенисер на светот доби нова причина за грижа.

Од ВАДА велат дека тој е виновен за постапките на неговите тренери и мора да биде казнет.

„Синер е одговорен за постапките на својот стручен штаб, тој мора да биде казнет“, изјави Витолд Банк, претседател на ВАДА. 

Да потсетиме, Италијанецот пред 11 месеци двата позитивни допинг тестови од Индијан Велс ги објасни со тоа што неговиот тогашен физиотерапевт користел некој лек кој ја содржел забранетата супстанца клостебол. Тениската агенција за интегритет (ITIA) го прогласи Синер за невин и затоа го казни само со одземање поени и пари од Индијан Велс. Но, ВАДА мисли поинаку. Олеснителна околност беше тоа што беше само една милијарда дел од грамот, што не е доволно да влијае на неговата игра.

Се вчитува...