Синер е последниот полуфиналст во Пекинг

Италијанскиот тенисер Јаник Синер е последниот патник во полуфиналето на АТП турнирот од 500 серијата во кинескиот Пекинг откако славеше против Бугаринот Григор Димитров со 2-1.

Првиот сет му припадна на Синер со 6-4, а откако Димитров изедначи со победа во вториот сет од 6-3, Италијанецот беше убедлив во одлучувачкиот сет добивајќи го со 6-2.

Во полуфиналето Синер за противник ќе го има Карлос Аклараз.

Се вчитува...