Синер е прв полуфиналист на Вимблдон

Италијанскиот тенисер Јаник Синер е првиот полуфиналист на грен-слемот во Вимблдон, откако го совлада рускиот тенисер Сафиулин со 3:1 (по сетови 6:4, 3:6, 6:2 и 6:2).

Италијанецот ја оправда фаворитската улога, и имаше проблеми само во вториот сет, кога Русинот успеа да израмни, но во последните два сета беше убедлив и успеа да обезбеди пласман меѓу најдобрите четири.

Синер ќе игра во полуфиналето со подобриот од дуелот Рублев – Ѓоковиќ, кој се игра во моментов.

Се вчитува...