Најдобриот тенисер во светот, Јаник Синер стигна до титулата во првото во историјата издание на „Слемот на шесте кралеви“ кое изминатите четири дена се играше во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад.
Италијанецот во финалето во уште еден епски меч славеше над Карлос Алкараз со 2-1, по сетови 6-7, 6-3 и 6-3.
Претходно, во мечот за 3. место во веројатно последниот дуел меѓу двајца од тројцата најголеми тенисери на сите времиња, Новак Ѓоковиќ славеше над Рафаел Надал со максимални 2-0, по сетови 6-2 и 7-6.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА