Синер експресно до финале во Торино

Најдобриот тенисер во светот, Јаник Синер на експресен начин се пласираше во финалето на АТП завршниот турнир кој се игра во неговата родна земја Италија, поточно во градот Торино.

Италијанецот во второто полуфинале за само еден час и десет минути игра славеше над норвешкиот тенисер Каспер Руд со максимални 2-0, по сетови 6-1 и 6-2.

Во финалето Синер за противник ќе го има Тејлор Фриц кој во првото полуфинале по голема борба со 2-1 (6-3, 3-6 и 7-6) славеше над Германецот, Александер Зверев.

Се вчитува...