Италијанскиот тенисер Јаник Синер со 2-0 го совлада Американецот Лернер Тиен, и се пласираше во полуфиналето на Индијан Велс, каде ќе се сретне со Александар Зверев, кој претходно го обезбеди учеството меѓу најдобрите четири.
Италијанецот одлично го почна мечот, и во првиот сет загуби само еден гем при водство од 0-3, и немаше проблем да поведе. Во вториот сет Тиен се држеше само на првиот свој сервис кога израмни 1-1, а потоа четири поени по ред на Синер за предност од 1-5, па Американецот имаше сили само да ублажи, за на крај Синер да го добие и овој сет со 2-6.
Претходно Зверев го елиминираше францускиот тенисер Филс со 2-0. Утре за полуфинале ќе се борат Дрејпер против Медведев и Алкараз ќе игра со Нори.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

