Еден од најдобрите тенисери на денешницата, Италијанецот, Јаник Синер без поголеми проблеми успеа да се пласира во полуфиналето на првиот АТП мастерс турнир од серијата 1000 на земјена подлога во Монте Карло.
Италијанецот во четвртфиналето без никакви проблеми славеше против канадскиот тенисер Феликс Оже-Алиасим со максимални 2-0, по сетови 6-3 и 6-4. Од почетокот на сезоната Синер има изгубено само еден сет на мастерс турнирите и тоа вчера на мечот против Чехот, Меншик.
Во полуфиналето Синер ќе игра против Александер Зверев кој во првото четвртфинале славеше против Бразилецот, Жоао Фонсека.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

