Синер ги отпушти поранешните тренери на Ѓоковиќ поради „долгиот јазик“

Откриена е тајната зошто Јаник Синер ги отпушти фитнес тренерот Марко Паничи и физиотерапевтот Улисес Бади само три дена пред почетокот на Вимблдон. Сепак, не може да се каже дека тоа многу го вознемирило бидејќи 2,5 недели подоцна триумфираше во Лондон.

Според „Кориере дела Сера“, Паничи во разговор со некои новинари открил дека Синер плачел во соблекувалната 15 минути по сензационалниот пораз во финалето на Ролан Гарос две и пол недели претходно. Да ве потсетиме дека светскиот број 1 водеше со 2-0 во сетови против бранителот на титулата Карлос Алкараз, потоа во четвртиот сте имаше три меч топки, но Купот на мускетари повторно му припадна на Шпанецот. Она што особено го вознемири Италијанецот беше тоа што Паничи откри дека плачел не само поради пресвртот, туку и поради фактот што париската публика навиваше за Алкараз.

Паничи, кој претходно беше прекоруван од Синер за неговиот долг јазик, не знаеше како да ја чува таа тајна, а најдобриот тенисер на светот го прекори за тоа. Според истите извори, Бади бил колатерална штета. Дојдоа во пакет, си заминаа во пакет.

Се вчитува...