Италијанскиот тенисер Јаник Синер го доби трофејот за најдобар играч во 2024 година.
Во последната година 23-годишниот Синер ги освои Австралија Опен и УС Опен, први гранд-слем титули во кариерата. Севкупно, Синер освои седум титули во 2024 година со скор од 66 победи и 6 порази.
Тој пред еден месец математички ја обезбеди лидерската позиција на АТП ранг листата до крајот на 2024 година.
„Нема подобро место за славење на овој трофеј. Ви благодарам на сите за поддршката“, изјави Синер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА