Синер го најде лекот за Медведев, Швијонтек шокирана во четвртфиналето

Јаник Синер го продолжи походот по нов гранслем трофеј откако првиот носител се пласираше во полуфиналето по триумфот во пресметката со Данил Медведев. Русинот традиционално своите најдобри мечеви ги игра на УС Опен, но овојпат тој беше немоќен во дуелот со првиот светски рекет.

Синер го доби првиот сет со 6-2, а Медведев возврати со импресивно издание во вториот сет што Русинот го доби со 6-1. Сепак, тоа беше се што Медведев успеа да стори бидејќи преостанатите два сета минаа во апсолутна доминација на Италијанецот, кој триумфираше со 6-1, 6-4. Следен ривал на Јаник Синер ќе биде Џек Дрејпер од Велика Британија.

Женскиот дел од турнирот донесе големо изненадување откако првата носителка Ига Швијонтек беше елиминирана од Џесика Пегула од САД, која со оваа победа стигна до своето прво гранслем полуфинале во кариерата. Швијонтек беше далеку од посакуваниот ритам, а расположената Американка знаеше како да го искористи тоа и да триумфира со 6-2, 6-4.

Пегула во полуфиналето ќе се сретне со Каролина Мучова, која во четвртфиналето триумфираше над Хадад Маја од Бразил со 6-1, 6-4.

Се вчитува...