Синер го освои трофејот во Синсинати

Италијанскиот тенисер Јаник Синер триумфираше на турнирот во Синсинати откако во финалето го победи Американецот Френсис Тиафо во два сета, со 7-6 (4) и 6-2.

Во меч што траеше еден час и 38 минути, 23-годишниот Италијанец целосно доминираше за сосема заслужена победа. За светскиот рекет број еден ова е петта титула во 2024 година. Синер претходно ги освои турнирите во Ротердам, Мајами, Хал, како и Австралија Опен.

Наградниот фонд на турнирот изнесуваше 6,8 милиони долари.

Се вчитува...