Синер го „прегази“ Микелсен за трето коло на УС Опен

Јаник Синер без никакви проблеми се пласираше во третото коло на УС Опен победувајќи го Американецот Алкес Микелсен во три сета.

По само час и 40 минути игра славеше Синер со 6-4, 6-0 и 6-2. Интересно, Микелсен во првиот сет двапати направи брејк против Синер, но својот сервис го загуби дури во три гема.

Синер во третото коло ќе игра против Австралиецот Кристофер О’Конел кој го елиминираше Италијанецот Матио Белучи.

Се вчитува...