Синер го спореди Ѓоковиќ со Роналдо

Италијанскиот тенисер Јаник Синер зборуваше на тема порази во професионалниот спорт. Во низата кратки прашања во интервју за „Esquire“, една од темите беа неуспесите во кои првиот светски рекет не гледа ништо друго освен можност да научи нешто.

Синер особено ги потенцираше оние во дуелите со Новак Ѓоковиќ.

„Мислам дека на тие натпревари или победуваш или учиш. Често губев од Ѓоковиќ и научив многу од тоа. Добро е, те буди. Во фудбалот можеш да играш против Роналдо и да сфатиш дека следниот пат треба да се подготвиш подобро. Но, кога ќе биде тоа? Во тенисот имаме повеќе можности да му возвратиш на противникот“ заклучи Синер.

Се вчитува...