Синер го уништи Феликс – Сурова освета и 25-та победа по ред (ВИДЕО)

Италијанскиот тенисер Јаник Синер се квалификуваше во полуфиналето на Мастерсот во Синсинати со само два загубени гема. Во четвртфиналето, Синер го победи Феликс Оже-Алиасиме со 6-0, 6-2 во сетови, по еден час и 11 минути игра.

Ова беше 25-та победа по ред на тврда подлога, со 19 победи во сетови по ред, пласирајќи се во своето 12-то полуфинале на Мастерс.

Ривал на Синер во полуфиналето на Синсинати ќе биде подобриот од дуелот меѓу Руне и Атман.

Се вчитува...