Моментално најдобриот тенисер на светот Јаник Синер, се пласираше во полуфиналето на Австралија Опен, откако го „збриша“ домашниот тенисер Алекс Де Минор со 3-0 во сетови 6-3, 6-2 и 6-1.
Со повремен пад во играта, Синер речиси во поголем дел од мечот доминираше, и не му даде никаква надеж на својот противник да се понадева дека може да направи изненадување. Мечот траеше 1 час и 50 минути.
Синер со тоа си го отвори патот кон финалето, со оглед дека во полуфиналето го чека меч против Бен Шелтон од САД, 21-ви носител на турнирот.
Во второто полуфинале ќе играат Ѓоковиќ и Зверев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

