Синер го „збриша“ Шелтон и закажа полуфинале со Ѓоковиќ

Италијанскиот тенисер Јаник Синер го победи Американецот Бен Шелтон во три сета, и си закажа полуфинале со Новак Ѓоковиќ на Австралија опен,

По нешто помалку од два и пол часа игра во Мелбурн, Синер славеше со 6-3, 6-4, 6-4 едноставно „збришувајќи“ го Шелтон.

Јаник Синер ќе игра против Новак Ѓоковиќ во полуфиналето.

По долго време ќе ги видиме најдобрите четири играчи на светот во полуфинална завршница на еден грендслем турнир, бидејќи, покрај овие двајца, во второто полуфинале се и Карлос Алкараз и Александар Зверев.

Се вчитува...