Синер и Фриц ќе се борат за трофејот на УС опен

Најдобриот тенисер во светот Јаник Синер и Американецот Тејлор Фриц ќе се борат за трофејот на последниот гранд-слем турнир во сезоната, УС опен. Италијанецот во полуфиналето со максимални 3-0, по сетови 7-5, 7-6 и 6-2 славеше над Британецот Џек Дрејпер.

Во американското дерби, во маратонски меч Тејлор Фриц беше подобар од Френсис Тиефо со 3-2, по сетови 4-6, 7-5, 4-6, 6-4 и 6-1.

Финалето на машкиот дел од турнирот е закажано за утре, додека вечерва од 22 часот во женското финале ќе се сретнат Арина Сабаленка од Белорусија и домашната надеж Џесика Пегула.

Се вчитува...