Најдобриот тенисер во светот, Јаник Синер на фуриозен начин успеа да стигне до осминафиналето на вториот гранд-слем турнир во сезоната, Ролан Гарос.
Тој денеска во меч од 3. коло на „Филип Шатрие“, на Чехот, Јиржи Лехечка му дозволи само три гема, добивајќи го со максимални 3-0, по сетови (6-0, 6-1 и 6-2).
По мечот тој изјави дека одиграл еден неверојатен натпревар.
„Играв неверојатно добро, особено два ипол сета. Тој одлично сервираше, јас бев далеку зад основната линија. Игравме претходно неколку пати, знаев што да очекувам. На Симоне му беше роденден, јас обично не играм добро после тоа. Нему му ја посветувам победата. Благодарам на публиката“, изјави Синер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

