Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз стигна до титулата на АТП мастерс 1000 турнирот во Синсинати. Иако финалето требаше да биде вистински спектакл, тоа не се случи поради здравствената состојба на Јанис Синер.
Првиот тенисер на светот имаше проблеми со стомакот во текот на целиот прв сет во кој неколку пати бараше и помош од официјалниот лекар на турнирот.
По мечот тој изјави дека уште од вчера не се чувствувал добро и дека пробал да игра, но дека не одело.
„Обично почнувам од противникот, но денеска морам да почнам од вас – публиката. Многу, многу ми е жал што ве разочарав. Од вчера не се чувствувам добро, мислев дека во текот на ноќта состојбата ќе се подобри, но таа се влоши. Се обидов да излезам на терен и да одиграм барем покрај меч, но не можев да издржам. Навистина ми е многу жал за сите вас, знам дека некои мораа да земат слободен ден од работа или да ги одложат своите обврски“, рече Синер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

