Синер ја откри причината за неговата непобедливост

Јаник Синер го брани пехарот на завршниот Мастерс во Торино, на самиот терен каде го забележа последниот пораз во сала. Тоа беше пред две години во финалето против Новак Ѓоковиќ. Оттогаш, Италијанецот не знае за неуспех кога игра под покрив. Тој победи на последните 28 натпревари и освои две титули во Дејвис купот, по една во Торино, Ротердам, Виена и Париз.

Разликата меѓу него и Карлос Алкарас е интересна. Синер е роден во планински предел, каде што почесто се игра тенис под покрив, додека Шпанецот е роден на Медитеранот, каде што вежбаат на отворено речиси цела година. Многумина сметаат дека тоа е причината што Алкараз има најмалку успех во овие услови.

„Многу ми е полесно да најдам ритам додека тренирам внатре. Овде нема ветер, нема сонце, кога силно ја удираш топката е многу потешко да го смениш ритамот отколку надвор. Тоа е суштинско во мојата игра, а овие услови многу ми помагаат“, изјави Синер. 

Се вчитува...