Селекторот на италијанската Дејвис куп репрезентација, Филипо Воландри ќе може да смета на најдобриот тенисер во светот, Јаник Синер за четвртфиналната пресметка со Аргентина.
Тој не играше во групната фаза во Болоња поради неодамна завршениот УС опен на кој стигна до титулата.
Финалето на Дејвис купот ќе се игра во „Мартин Карпена арената“ во Малага, Шпанија во период од 19. до 24. ноември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА