Синер: Крај Новак растев и како играч и како човек

Јаник Синер со победата над Шелтон се пласираше во полуфиналето на Австралија Опен, каде италијанскиот тенисер го очекува дуел со најтрофејниот во историјата на овој гранслем турнир, Новак Ѓоковиќ.

Србинот со многу среќа стигна до полуфиналето, поради повредата на Музети кој до тој момент имаше предност од 2-0 во сетови, но сигурно максимално мотивирано ќе влезе во мечот со Синер. Свесен за тоа е и вториот светски рекет, кој во изјавата по денешниот триумф со многу респект говореше за наредниот ривал.

„Ова се моменти поради кои вреди да се тренира, да се станува секое утро. Знам дека ако сакам да победам ќе морам да играм најдобро што знам. Новак игра неверојатен тенис за својата возраст, но и за сите нас. Јас многу го почитувам, крај Ѓоковиќ растев како играч, но и како човек низ нашите мечеви во последните години. Се надевам дека ќе биде одлична борба, ќе видиме кој ќе победи на крајот“, истакна Синер.

Се вчитува...