Синер лесно до титулата во Пекинг

Вториот тенисер во светот, Италијанецот Јаник Синер, ја освои титулата на турнирот во Пекинг, откако денес во финалето го победи 52-от играч во светот, Американецот Лернер Тиен, по два сета, со 6:2, 6:2.

Мечот траеше еден час и 14 минути. Синер четири пати го зеде сервисот на американскиот тенисер, додека Тиен не освои ниту еден брејк. Италијанскиот тенисер запиша 10 аса, додека Тиен не освои ниту еден поен директно од сервисот.

Ова е 21-ва АТП титула на Синер во неговата кариера.

Се вчитува...