Синер, лесно преку Зверев, до финале во Монте Карло

Италијанецот Јаник Синер се пласираше во финалето на АТП турнирот во Монте Карло, откако во полуфиналната пресметка лесно во два сета славеше против Александар Зверев.

Синер, по околу еден час и 20 минути игра, го победи Зверев со 6-1 и 6-4.

Во финалето, италијанскиот тенисер ќе се соочи со подобриот од втората полуфинална пресметка меѓу Карлос Алкараз и Валентин Вахеро.

Се вчитува...