Јаник Синер по три месечната суспензија се врати на теренот, а и покрај тоа што не е во натпреварувачка форма засега никој не успева да го совлада италијанскиот тенисер на мастерсот во Рим.
Најблиску до тоа беше Франциско Серундоло кој одигра пет сета против најдобро рангираниот тенисер на светот во осминафиналето, но не успеа да и да го порази. По мечот интересна изјава за медиумите имаше Јаник Синер велејќи дека му паднало „камен од срцето“ по допинг аферата па сега е подготвен и за повторување на успесите.
„Како да ми падна голем камен од срето. Повеќе не чувствувам дека го носам со себе“, објасни Синер како се чувствува по крајот на допинг аферата.
„Нема ништо подобро од играње на централниот терен Форо Италика. Секогаш кога ќе излезам на него се чувствувам фантастично и единствено што можам да направам е да дадам сто отсто“. Синер имаше и пофални зборови за противникот. „Тој е многу добар натпреварувач, ми беше голем предизвик. Поготово во моментите кога повторно се навикнувам на тешките ситуации на мечевите. Полека чувствувам дека ми се враќа чувството“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

