Најдобриот тенисер во светот, Јаник Синер успешно ја мина првата пречка на вториот гранд-слем турнир во сезоната, Ролан Гарос.
Италијанецот во воведното коло славеше со максимални 3-0, по сетови 6-4, 6-3 и 7-5 против домашната надеж Артур Риндеркеш.
По мечот покрај за тенисот, тој говореше и за претстојното финале во Лигата на шампионите во кое ќе се сретнат Интер и ПСЖ.
„Зошто ме ставате во непријатна ситуација, кога сите знаете дека навивам за Милан. Ако победи италијански тим, ќе биде убаво. Но, и да победи тимот на Донарума, би било убаво. Тој ми е добар пријател и се знаеме долго време“, изјави Синер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

