Синер не е машина: Тешко ми е да играм по оној пораз на Ролан Гарос

Јаник Синер не го криеше разочарувањето по поразот во Хале ос Александер Бублик, откако италијанскиот тенисер потклекна веќе во второто коло од овој турнир што се игра на тревната подлога.

Ова беше прв пораз на Синер пред финале на еден турнир од уште од август минатата година (тогаш во четвртфиналето во Монтреал загуби од Рубљов), а првиот светски тенисер не крие дека слабиот настап во Хале се должи на шокантниот пораз во финалето на Ролан Гарос од Карлос Алкараз.

„Не ми беше лесно да играм овде по она што ми се случи на Ролан Гарос. Сепак, ни јас не сум машина што само победува, може да се случи да имам лош ден. Противникот беше подобар во сервисот во вторито сет, а во третиот подобро ги одигра клучните моменти. Не ми беше лесно да играм овде, но прилично сум задоволен бидејќи добив можност да одиграм две партии на трева пред Вимблдон“, истакна Синер.

Се вчитува...