Еден од најдобрите тенисери на денешницата Јаник Синер стигна до нов АТП турнир откако денеска славеше на АТП 500 во Пекинг.
Поради сличниот начин на играње, и поради одличните резултати, Јаник Синер често се споредува со Новак Ѓоковиќ. Во Пекинг, по освојувањето на титулата, тој рече дека не сака луѓето да го споредуваат со најдобриот тенисер на сите времиња.
„Секогаш го велам тоа, кога ме споредувате со Новак, тој е во друга категорија кога ќе се земе предвид сè што освои. Јас сум 24-годишник кој сака да игра тенис“, изјави Синер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

