Јаник Синер продолжи со импресивните настапи на овогодинешното издание на Ролан Гарос, откако првиот носител стигна до билет за полуфиналето без притоа да загуби ниту еден сет.
Синер делуваше беспрекорно и во денешниот четвртфинален дуел против Бублик од Русија, меч што мина во апсолутна доминација на Италијанецот и заслужена победа. Фаворитот тргна моќно од самиот почеток, добивајќи го првиот сет со 6-1, а Бублин посериозен отпор пружи само во вториот сет што Синер го доби со 7-5.
Италијанецот потоа го отвори третиот сет со брејк, трасирајќи си го патот до полуфиналето освојувајќи го сетот со конечни 6-0.
Негов ривал во полуфиналето ќе биде подобриот од вечерашниот меч меѓу Новак Ѓоковиќ и Александар Зверев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

