Поранешниот шпански тенисер, Фелисијано Лопез вели дека не разбира зошто Јаник Синер е суспендиран. Синер неодамна прифати тримесечна суспензија од „Вада“ поради позитивно тестирање на клостебол пред речиси една година.
Италијанецот е суспендиран поради невнимание, односно за постапките на неговиот тим кои му внеле недозволена супстанца во телото, а не затоа што е виновен за допинг, што му пречи на Лопез.
„Од самиот почеток велев дека мислам дека е невин. Тој докажа дека не е одговорен за позитивниот тест. Со тоа, не разбирам зошто мора да биде суспендиран на три месеци. Тој не требаше да добие суспензија ниту од еден ден“, изјави Лопез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА