Синер нема да настапи за Италија во Дејвис купот

Четирикратниот гранд-слем шампион, Јаник Синер, нема да биде дел од италијанската репрезентација на финалето на Дејвис купот во Болоња.

Со денови се шпекулираше дека вториот тенисер во светот ќе го прескокне споменатото натпреварување, а сега стигна потврда дека нема да биде во националниот тим.

„Синер не го потврди своето учество во Дејвис купот. Дејвис куп репрезентацијата беше и секогаш ќе биде негов дом и сигурен сум дека наскоро ќе се врати во тимот. Во меѓувреме, имам тим подготвен да се бори и да даде сè за синиот дрес. Болоња ќе биде уште една возбудлива авантура. Ги познавам овие момци и сигурен сум дека иднината ќе ни донесе големо задоволство“, изјави Филипо Воландри, тренерот на италијанската репрезентација.

Се вчитува...