Јаник Синер синоќа доби подарок во осминафиналето на Вимблдон, откако наместо речиси сигурна елиминација го доби дуелот против бугарскиот тенисер, Григор Димитров.
Григор Димитров не само што водеше со 2-0 во сетови, туку и целосно го надигра светскиот тенисер број еден пред да се повреди и да го предаде мечот.
„Не се чувствувам како победник, вака никој не сака вака да победи еден натпревар. Навистина голем малер за него. Во првите два сета одигра феноменално. Не знам што точно се случи, бидејќи по натпреварот нормално е секој да биде со својот тим. Мислам дека немаше да биде адекватно ако отидев и прашав, иако сме добри пријатели. Ваквите моменти се секогаш тешки“, изјави Синер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

