Синер: Новак толку многу сакаше злато и на крајот успеа да го освои

Вториот и третиот тенисер во светот се бореа за златото во Париз, а бројот 1 со тага го следеше тој меч од другата страна на земјината топка.

Најдобриот тенисер на планетата, Јаник Синер не можеше да учествува на Олимпијадата поради проблеми со крајниците.

Синер го коментираше и ентузијазмот на Новак откако конечно го освои златниот медал.

„Ја разбирам неговата реакција, тој сето тоа го разбира подобро од кој било на светот. Толку многу се трудеше да го освои златото и конечно успеа. Само златото му недостигаше во неговата богата колекција и на крајот успеа да го освои“, изјави Синер. 

Се вчитува...