Италијанскиот тенисер Јаник Синер го нападна Роџер Федерер откако тој коментираше дека директорите на АТП турнирите ја местат подлогата побавна за да биде во полза на Синер и Алкараз.
Федерер претходно изјави дека директорите на тениските турнири се стремат да направат сè што е можно за да имаат најдобри можни натпревари во финалето на нивните натпреварувања, имено дуелите меѓу Синер и Алкараз. Федерер истакна дека тие ги местат подлогите во корист на Синер и Алкараз за да ги имаат нив во финалните натпреварот.
Синер беше прашан за тоа на првата прес-конференција по пристигнувањето во Пекинг.
„Сите бетонски подлоги се скоро исти. Понекогаш има некои промени, но тие се минимални. Можеби Индијан Велс, бидејќи топката отскокнува многу високо и се однесува различно кога е во контакт со подлогата, но повеќе или помалку сè е исто за сите за време на натпреварите“ – рече Синер и додаде:
„И вака е веќе некое време, не знам дали нешто ќе се промени. Јас сум само тенисер кој се обидува да се адаптира колку што знае. Мислам дека работам прилично добра работа. Ќе видиме што ќе се случи со секој турнир поединечно во иднина.“
View this post on Instagram
Синер ќе игра против Марин Чилиќ во првото коло во Пекинг во четврток, не пред 13 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

