Синер ослободен од сите обвинувања за допингот

Светската антидопинг агенција (ВАДА) одлучи да не поднесе жалба до Судот за спортска арбитража (CAS) во Лозана на пресудата на Јаник Синер во случајот со допинг скандалот.

Да потсетиме, Италијанецот двапати беше позитивен на забранетата супстанца клостебол, но во двата наврати веднаш му беа укинати суспензиите.

Само еден ден по победата на УС Опен, светскиот тенисер број еден мораше да се грижи бидејќи ВАДА, како и италијанската антидопинг агенција, може да се жалат на одлуката на Меѓународната агенција за интегритет во тенис. Сепак, двете организации одлучија да не го прават тоа, потврди италијанскиот весник „Кориере дела сера“.

Ова ќе му остави на Синер титулите на УС Опен и Мајами, како и бодови за полуфиналето на Индијан Велс и Монте Карло, четвртфиналето во Мадрид, полуфиналето на Ролан Гарос, титулите во Хале, четвртфиналето на Вимблдон, четвртфиналето во Монтреал и титулите во Синсинати.

Доколку одлуката беше спротивна, суспензијата ќе важеше од моментот на утврдување, односно Индијан Велс, по што ќе му беа избришани сите постигнати резултати.

Се вчитува...