Јаник Синер за прв пат во својата кариера го освои грен-слемот Вимблдон откако во големото финале славеше над Карлос Алакраз со 3-1 и тоа по голем пресврт откако губеше по првиот сет.
Италијанскиот тенисер не го крие задоволството од освоената титула.
„Чувството е посебно. Моите родители се тука, целиот тим. Благодарам на мојот брат кој го искористи слободниот викенд да дојде и да ми даде поддршка. Емотивно е. Имав навистина тешко финале во Париз. Не е ниту толку битно дали ќе победев во финалето на Вимлбдон, ова е многу тежок турнир. Благодарен сум што сум здрав и можам да играм. Тоа многу ми значи, баш како и играњето пред оваа публика“, изјави Синер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

