Италијанскиот тенисер Јаник Синер за прв пат проговори за својата одлука да се раздели со Улисес Бадија и Марко Паничи.
Пресрет на Вимблдон, излезе веста дека Синер се разделил со ова дуо кое беше со него од минатата година.
„Ништо сензационално не се случи. Тоа се работи кои се случуваат во спортот. Понекогаш треба да тргнете по различни патишта, како што направив јас. Нема конкретна причина. Заедно завршивме одлична работа, финалето на Ролан Гарос беше извонредно достигнување, постигнато благодарение на целиот тим. Но решив да направам нешто поинаку. Понекогаш работите едноставно се случуваат, знам дека моментот не е најдобар, но на крајот тоа е така“, рече Синер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

