Синер: Овој трофеј е за мојата болна тетка!

Италијанeцот Јаник Синер триумфираше на УС Опен откако во финалето славеше против Тејлор Фриц во три сета.

По освоениот трофеј Синер истакна дека истиот го посветува на неговата болна тетка…

„Мора да бидам искрен и да кажам дека оваа титула посебно ми значи многу, затоа што минав навистина тежок период. Ја посветем на мојата болна тетка, среќен сум дека можам да поделам вакви позитивни моменти со неа. Ако постои најголема желба, тоа е здравје за сите“ – рече Синер и дополни:

„Свесен сум колку е важен менталниот момент за да дојдете до вакви титули. Многу сум среќен и горд. Неверојатно е да се освојат два грандслем трофеи во една година. Добрите партии и трофејот во Мелбурн ми дадоа самодоверба за да продолжам напорно и да дојдам до ова“.

Се вчитува...